×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово со 3 милиони денари ќе поддржи пет проекти на невладини организации за социјални услуги

    15.03.2023 17:44 | Оливера Пешевска

    Околу 50 илјади евра ќе потроши Општина Куманово годинава за реализација на проекти од социјална заштита, кои ќе ги спроведат пет невладини организации. 

    Општина Куманово со 3 милиони денари ќе поддржи пет проекти на невладини организации за социјални услуги

    Според одлуката на Комисијата за социјална, детска и здравствена заштита  најмногу средства во висина од 1,4 милиони денари или 23 илјади евра се предвидени за работа на Дневниот центар за лица со попреченост „Порака наша“, 800 илјади денари или 13 илјади евра за невладината организација „Инклузива“, која ќе пружа стручна помош на дефектолог и логопед, 300 илјади денари или 5.000 евра за Црвен крст Куманово за грижа на стари лица во домошни услови, исто толку 300.000 денари ќе добие и Центарот за ромска заедница ДРОМ за дневен престој на деца од улица и Хуманитарното здружение „Мајка“ за советувалиште за жени жртви на семејно и родово базирано насилство ќе добие 200 илјади денари или 3,3 илјади евра .

    „Сите услуги се детектирани и ставени во акциониот план на Општина Куманово како приоритет за реализација во наредните 3 години. Даваме финансиска поддршка која ќе ги потикне здруженијата да ги спроведат нивните социјални услуги. Услугите што овие здруженија и невладини организации ги нудат се бесплатни, со сите општината ќе потпише поединечни договори во однос на обврските кои треба да ги исполнат двете страни, а имаат и обврска до крајот на годината да се лиценцираат“, изјави Александар Крстевски, раководител на Секторот за социјална заштита во Општина Куманово.

    Распределбата беше поддржана од сите присутни советници во Советот на Општина Куманово, но имаше забелешки за висината на издвоените средства.

     „Триста илјади денари за ДРОМ, кој треба да ги тргне децата од улица, а издвоени се скоро 900 илјади денари за изградба на катче за домашни миленичиња. Поддржувам и инвестиции за миленичиња, но сразмерот на средствата ме загрижува, ме буни и не можам да ги отргнам мислите за што се ги даваме парите, а имаме толку големи проблеми што треба да ги решиме, кои горат“, изјави советникот Миле Андоновски од Партијата на пензионерите.

    Проектот за поддршка на децата на улица е наменет за децата кои питачат на улиците и крстосниците, а предвидува нивно неколку часовно згрижување и работа на стекнување на хигиенски навики, вклучување во образовниот процес, пишување на домашни задачи и др.

    Финансиските средства наменети за вршење на работи од социјалната заштита на здруженија и други правни лица на територија на Општина Куманово во однос на минатата година се зголемени за еден милион денари, а и интересот на невладините организации и здруженија да се вклучат во овие проекти е поголем во однос на лани.