×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово вработува 34 административни службеници

    07.07.2017 07:09 | KumanovoNews

    Општина Куманово распиша конкурс за вработување на неопределено време на 34 административни службеници, од кои согласно балансерот, девет треба да се припадници на албанската етничка заедница, четворица на ромската и останатите од македонска етничка заедница.

    Општина Куманово вработува 34 административни службеници

    Советниците на денешната седница ги усвоија измените и дополнувањата на годишниот план за вработување во општината. Стручните служби веќе ја започнале процедурата.

    Од понеделник ќе видиме уште кои вработувања ќе можеме да ги реализираме, заради тоа што сега до 5. август до распишувањето на локалните избори, ќе може барем општината Куманово да ги задоволи потребите за вршење на основните функции на општината, изјави секретарот на општината, Валентина Алексовска.

    Лицата ќе бидат примени на неопределено време, но во моментов не може да се распишат позиции за раководни места, бидејќи заинтересираните треба да положат испит за административно управување.

    Во општината има вработено 200 административни службеници. Инаку, ова е трета измена на годишниот план за измена и дополна на годишниот план за вработување.