Осумнаесетгодишник со голф удрил во пешак, па побегнал
01.10.2024 21:28
| KumanovoNews
Девојка се здобила со тешки повреди откако синоќа била удрена од автомобил во центарот на Куманово.

„Несреќата се случила околу 20.30 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“, кога патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(18) од село Никуштак, општина Липково, удрило во Е.Р.(21) од Куманово, по што го напуштил местото на настанот“, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Р. констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.