×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отфрлена е кривичната пријава за злоупотреба на службена положба против Благе Јакимовски, поранешен претседател на Здружение на пензионери Куманово

    09.04.2024 10:19 | Оливера Пешевска

    Основното јавно обвинителство од Куманово ја отфрлило како неоснована кривичната пријава против Благе Јакимовски, поранешниот претседател на Здружение на пензионери Куманово, која била поднесена од СВР Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, во март минатата година.

    Отфрлена е кривичната пријава за злоупотреба на службена положба против Благе Јакимовски, поранешен претседател на Здружение на пензионери Куманово

    „Нема злоупотреба на службена должност, цело време се работи за валкани игри на поединци од здружението, кои претендираа на функцијата. Лузната која ни беше направена, промовирана во јавноста и медиумите, се случи пред редовните избори за раководство на здружението со намера Јакимовски да биде дискредитиран и тргнат на страна. Тие ја постигнаа својата цел, но истапувам за да се „тргне“ срамот од нашите имиња“, истакна Гордица Бошковска, секретар на здружението во мандатот на Јакимовски.

    Пријавата во МВР, УЈП И ОЈО ја поднесоа членови на здружението, кои јавно обвинија дека тогашните претседател, потпретседател и секретар на Здружението ја злоупотребиле функцијата и си исплаќале повисоки хонорари за нивниот ангажман без одлука на Собранието.  

    Тројцата функционери примиле вкупно 60.000 денари кои подоцна ги вратиле на сметката на здружението. Тие ја признале грешката и тврделе дека се работи за пропуст, бидејќи не знаела дека одлуката по која постапиле е укината во 2016 година.   

    Решението  за отфрлање на пријавата со број 176/23 е доставено до СВР Куманово и Здружението на пензионери Куманово, а сите заинтересирани лица можат да извршат увид во ОЈО Куманово.