Отворена изложба на детски цртежи
16.06.2011 08:46
| KumanovoNews
Во центарот за култура „Трајко Прокопиев„ синоќа беше отворена изложбата на цртежи на дечињата од детската градинка „Синоличка„.

Изложбата е резултат од проектот „Хартија собираме да ја рециклираме„ што изминатите неколку месеци се реализираше во градинката. При тоа децата имаа можност да се запознаат со сите фази од рециклирање на хартијата: од собирање на стара хартија, нејзина преработка, сушење и повторно искористување. На произведените нови листови хартија, децата цртаа, а нивните дела се изложени за пошироката јавност.