Отворена изложба со дела од колонијата „Св.Јоаким Осоговски 2012“
27.08.2013 09:01
| KumanovoNews
Во Уметничката галерија синоќа е отворена изложба на слики од ликовната колонија “Св.Јоаким Осоговски 2012“.

Ликовни уметници учесници на изложбата се: Никола Иванов - Балтон, Ставре Димитров - Стадни, Димитар Стојчевски, Христина Стојчевска, А. Бурзевска, Лазо Ѓорѓиевски од Македонија, Клевенс Бенгон - Сан (Јужна Кореја), Магдалена Николова (Бугарија), Ѓузеле Исманоглу (Турција), Ирина Бирјукова (Турција), Енес Левиќ (Шведска), Јелена Бојаниќ (Србија), Евгенија Левина (Русија), Галина Скопина (Казахстан) и Ѓонул Нихоглу од Турција.
Изложбата ќе трае до крајот на месец август.