Овчар ги продал овците на газдата и заработил милион денари
04.07.2024 18:07
| KumanovoNews
Oвчар од Куманово, наместо да ги чува, ги продал овците на газдата и заработил милион денари, по што бил пријавен во полиција.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 62-годишен кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
„Пријавениот, кој бил ангажиран како овчар од Г.А., во период од 16.06.2024 до 18.06.2024 година со товарно возило во с. Алгуња, натоварил 127 овци, кои ги продавал во Скопје и Тетово, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари“, соопшти МВР.