×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пендаровски прв, Сиљановска втора, Димитриевски последен на гласачкото ливче за претседател

    25.03.2024 16:51 | Оливера Пешевска

    Со ждрепка во ДИК денеска беше утврден редоследот на претседателските кандидати на претстојните избори.

    Пендаровски прв, Сиљановска втора, Димитриевски последен на гласачкото ливче за претседател

    Прв на ливчето ќе биде претседателот Стево Пендаровски поддржан од СДСМ. 

    Под број 2 ќе биде кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ - Гордана Силјановска-Давкова, трет градоначалникот на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. 

    Под бројот четири на гласачкото ливче ќе биде кандидатот на ДУИ, актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи, петта ќе биде кандидатката на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска, шести кандидатот поддржан од опозициските партии на Албанците обединети во коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари. 

    Седми последен на гласачкото ливче ќе биде кумановскиот градоначалник и лидер на Движењето ЗНАМ -  Максим Димитриевски.

    Првиот круг од претседателските избори е закажан за 24 април. Доколку ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број гласови, вториот круг ќе се одржи две недели подоцна, на 8 мај, во кој ќе влезат двајца кандидати со најголем број освоени гласови во првиот круг.

    (фото. ТВ Телма)