Пивтијада по седми пат
15.01.2010 10:41
| KumanovoNews
Мултимедијалниот центар „Карпино„ се подготовува за одржување на седмата „Пивтијата 2010„. Утре во 12 часот пред ресторанот Грација ќе започне приготвувањето-варењето на пивтиите.

Истовремено ќе се одржи и пресс конференција каде ќе бидат соопштени повеќе детали за целата манифестација.
Денот ќе се одбележи со посен ручек за гостите, ќе следува и кратка музичка програма на КУД „Илинден„. Мултимедијалниот центар „Карпино„ кој ги афирмира традиционалните обичаи по седми пат ја организира „Пивтијада„, по повод големиот христијански празник Богојавление-Водица