Мени

Планирани прекини на електрична енергија во Куманово

02.09.2026 08:33 | KumanovoNews

Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, утре и во наредните денови без електрична енергија ќе останат повеќе населени места и улици во Кумановско.

 

Планирани прекини на електрична енергија во Куманово

Утре, 3 септември, прекин во периодот од 7:45 до 14:45 часот ќе има во нас. Бедиње, на улиците „11-ти Ноември“ и „Трајко Јовановски“.

Истиот ден, од 8:00 до 14:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе биде селото Белановце, општина Липково.

Во петок, на 4 септември, од 9:00 до 11:00 часот, прекин е планиран во Куманово, во село Ајдучка Чешма, на улиците 524, 525 и 526, како и на дел од улицата 300, од Бара до магистралата.

На 7 септември ќе има два планирани прекини. Од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе биде Здружението на возачи кај Железничката станица во Куманово, додека од 12:00 до 14:00 часот прекин ќе има во Доброшане, кај објектот на Игор 97.

На 10 септември, од 9:00 до 11:00 часот, без електрична енергија ќе бидат селата Косматац, Мургаш, Пезово, Кшање, Кокошиње и Кутлибег.