Мени

По невремето во Куманово пријавени оштетувања на девет возила и три кровови

22.07.2026 08:37 | KumanovoNews

На подрачјето на СВР Куманово, по силното невреме што вчера попладне го зафати градот, до полноќ пријавени се оштетувања на девет возила и три кровови.

По невремето во Куманово пријавени оштетувања на девет возила и три кровови

Во Транзитниот центар Табановце се регистрирани оштетувања на дел од привремените објекти за сместување на мигранти (шатори и помошни објекти), како и паднати дрвја без предизвикана материјална штета.

Силното невреме, проследено со пороен дожд и силен ветер, го зафати Куманово вчера околу 17 часот  и траеше петнаесетина минути. Од налетите на ветерот беа откорнати повеќе дрвја, бандери, електрични столбови, а оштетени се и кровови на неколку згради.

Од Центарот за управување со кризи велат дека  во Куманово се регистрирани се повеќе пријави од граѓани за последици од невремето.
„Евидентирани се паднати дрвја на повеќе локации, оштетени фасади и кровни конструкции, паднати кровови на објекти,
оштетувања на електричната инфраструктура, паднати бандери и кабли. Регистрирани се и случаи на паднати дрвја врз возила со материјална штета. Сите пријави се проследени до надлежните служби“, стои во соопштението.

Граѓаните велат дека не паметат вакво невреме во Куманово, кое за кратко време предизвика значителна материјална штета во повеќе делови од градот.