Мени

Почна полагањето на државната матура

06.06.2026 11:29 | KumanovoNews

Денеска учениците ќе го полагаат првиот екстерен предмет од државна матура. 

Почна полагањето на државната матура

Пријавените ќе ги полагаат тестовите по англиски, германски, француски, италијански и руски јазик, како и по математика. Учениците кои пријавиле државна стручна матура, ќе полагаат англиски јазик и математика, а матурантите кои пријавиле уметничка матура ќе полагаат англиски јазик или историја.

Испитите по мајчин јазик ќе се одржат на 11 и на 12 јуни. Учениците кои пријавиле државната матура ќе полагаат на 11 јуни, а матурантите кои пријавиле државна стручна или државната уметничка матура, мајчин јазик ќе полагаат на 12 јуни.

Испити на крајот на средното образование, односно екстерни испити годинава ќе полагаат 14.587 ученици. За државна матура се пријавиле 12.184 матуранти, стручна ќе полагаат 2.276 ученици, а уметничка матура ќе полагаат 127 ученици.

Во просториите каде што ќе се полагаат испитите е забрането користење мобилни телефони и други електронски уреди. Како и минатата година, за училиштата кои немаат соодветни просторни услови екстерните испити ќе се полагаат во амфитеатрите на факултетите.