Мени

Почнува Рамазанскиот пост

09.07.2013 08:10 | KumanovoNews

 Верниците од муслиманска вероисповед денеска го започнуваат рамазанскиот пост, кој трае 29 дена.

Почнува Рамазанскиот пост

Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

По повод почетокот на Рамазанските пости поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, упати честитка со верниците.