Мени

Почувствуван земјотрес во Куманово

10.02.2026 22:19 | KumanovoNews

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22.05 часот во Куманово.

Почувствуван земјотрес во Куманово

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, јачината на земјотресот изнесувала 4,6 степени. Епицентарот е на 12 километри северно од Тетово и  23 километри југоисточно од Призрен, Косово. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека Телеметриската сеизмолошка мрежа го регистрирала земјотресот чиј епицентар потекнува од територијата на Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.6

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени, во останатите делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е почувствуван е во повеќе градови во Македонија, и засега нема информации за евентуални штети.