Понеделник неработен ден
04.09.2013 08:40
| KumanovoNews
Денот на независноста годинава се падна во недела, и по тој повод понеделник ќе биде неработен ден.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија , 8 септември 2013 година (недела), Денот на независноста, односно 9 септември 2013 година (понеделник), е неработен ден за граѓаните на Република Македонија, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на независноста.