×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поради топлотниот бран да не се работи на отворено од 11 до 17 часот, препорачува ИЈЗ

    23.06.2025 17:04 | KumanovoNews

    Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани повисоки максимални дневни температури од утре до 27 јуни, Институтот за јавно здравје попладнево повика на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи на население во услови на високи амбиентни температури.

    Поради топлотниот бран да не се работи на отворено од 11 до 17 часот,  препорачува ИЈЗ

    Внимателност со ранливите групи вработени – постари работници, хронични болни, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени и други и нивно прераспределување работни места соодветни за нивната состојба.

    „Покрај другите, за ранливи категории на луѓе се сметаат лицата кои работат во надворешни услови и се повеќе изложени на влијанието на топлотните бранови, или лица кои работат на работни места изложени на висока температура и топлинско зрачење, лица кои губат премногу течности за време на работата и така натаму, може да се почувствителни на болести поврзани со топло време. На пример: градежни работници, земјоделци, сообраќајна полиција, работници за испорака и слично“, се истакнува во соопштението.

    За работодавачите, како препораки за заштита на работниците од високи температури, наведени се проверка и одржување на техничко-технолошки мерки како вентилација, климатизација, редовно мерење на амбиентната температура и со поставување на работните станици што е можно подалеку од сончева светлина и извори на топлина. Потоа, обезбедување минимум една климатизирана просторија со функција на „засолниште“ – каде што вработените можат да се разладуваат извесен период во текот на работата.

    Препораки за прва помош – при симптоми на топлотен удар веднаш да се повика 194 или 112, лицето да се префрли во разладена просторија, да легне хоризонтално со подигнати нозе, да се лади со ладни облози и прскање со вода, да не се дава терапија додека не пристигне лекарска помош, ако е во бессознание, да се постави во странична положба.