Посмртнината на пензионерите се зголемува од 35.000 на 40.000 денари
26.12.2025 10:27
| KumanovoNews
Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, одлучи посмртнината за пензионерите која се исплаќа на семејствата да се зголеми од 35.000 на 40.000 денари.
Одлуката е донесена поради значително зголемените трошоци за погребни услуги во земјава, а мерката е иницирана од Регистрираната организација за Солидарен фонд. Наместо досегашните 35.000 денари, од сега ќе се исплаќаат 40.000 денари посмртнина.
„Станка Трајкова, член на Управниот одбор, информираше дека Регистрираната организација за Солидарен фонд донела Одлука за зголемување на задршката за посмртна помош од пензиите од 140 на 150 денари и зголемување на средствата за исплата на посмртнина од 35 на 40 илјади денари“, соопшти Фондот.