×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Една кумановска и три скопски фирми поставија 44 билборди во Куманово

    17.04.2024 12:37 | Оливера Пешевска

    Четири фирми ќе плаќаат 1,3 милиони денари 21.000 евра годишно за закуп на јавен простор за поставување на билборди и рекламни паноа во Куманово.

    Една кумановска и три скопски фирми поставија 44 билборди во Куманово

    Тендерот го добиле фирмите „АЦГ Дизајн“ од Куманово, „Лид Комјуникејшнс“, „Акцент Медиа“ и „ОК Медиа“ од Скопје, а договорот е потпишан на 10 години.

    Закупнината се плаќа на месечно ниво, а дополнително закупувачите плаќаат и комунална такса за целото времетраење на договорот.

    „Закупот на месечно ниво ќе изнесува 108,5 илјади денари, сума на која дополнително се пресметува комунална такса, со што се добива значителен прилив во општинската каса“, вели Дарко Станојковски од Одделението за јавни набавки во Општина Куманово.

    Јавниот повик за доделување на локации за 4 пакети за поставување на реклами паноа на подрачјето на Општина Куманово се е објавен во март 2021 година со почетна цена од 176 илјади денари која ја одредил Советот на Општина Куманово.

    Тогаш биле продадени првиот пакет за 182 илјади денари и четвртиот за 181.000 денари, додека за вториот и третиот пакет, поради ниските цени повикот е повторен во март 2023 година.

    „Вториот пакет постигна повисока цена од 485 илјади денари, третиот 455 илјади денари, на годишно ниво. Повикот е повторен, две години подоцна од првичниот, затоа што не беа реализирани договорите“, објасни Станојковски.

    Се работи за 44 комерцијални билборди и три билборди кои Општина Куманово ќе ги користи за свои потреби. 

    Фирмата „АЦГ Дизајн“ во март 2021 година дала најдобра понуда за поставување на реклами на бандери за улично осветлување со вкупен број од 242 локации. Поединечно за пакетите 5,6 и 7 достигнал цена од 66 илјади денари годишно.

    Комунална такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни површини се определува по однапред утврден тарифник. 

    „Тарифникот е со временска одредница и закупот за 7 дена е тарифиран на 400 денари, на месечно ниво е 700 денари, додека за годишно ниво 800 денари, за секој билборд поединечно. Таксата се одредува по пријава на обврзникот  и се плаќа однапред за секоја година. Значи ако закупецот има 11 билборди во пакет, тој на годишно ниво ќе плати 8.800 денари. Според овој тарифник се одредуваат комуналните такси и на реклами на бандери за улично осветлување“, велат од Секторот за данок во Општина Куманово.

    Билбордите имаат ЛЕД- осветлување, димензиите се строго пропишани, како и местата на кои се поставуваат. Сите пакети се речиси исти, односно не се разликуваат по атрактивноста на локациите каде се поставуваат.

    Локациите и бројот на рекламните паноа се дефинирани согласно Програмата за поставување на урбана опрема (реклами) на територија на град Куманово донесена од Советот на Општина Куманово.