×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Потпишани договорите за проектот „Втора шанса“ во Центарот за вработување Куманово

    17.03.2023 15:47 | Оливера Пешевска

    Трипартитни договори помеѓу невработените лица, средните стручни училишта и Центарот за вработување во Куманово, беа потпишани денеска во рамки на пилот - проектот „Втора шанса“, кој за прв пат се спроведува во Македонија, со средства обезбедени преку ИПА програмата на фондовите на Европската унија.

    Потпишани договорите за проектот „Втора шанса“ во Центарот за вработување Куманово

    „Втора шанса“ им дава можност на невработените лица да го дооформат и докомплетираат своето средно образование, со тоа да станат поконкуретни на пазарот на труд.

    „Денеска се потпишани 17 договори за различни образовни профили и по полагањето на испитите и завршна или училишна матура невработените лица ќе се стекнат со диплома за завршено средно образование. Лицата во рамките на овој проект го немаа дооформено своето образование“, изјави Марија Тодоровска, раководител на Центарот за вработување Куманово.

    Преку проектот може да се покрие само 1 училишна година, согласно временската рамка на овој пилот-проект и трошоците кои се признаваат. Повикот е се уште во тек и невработените лица,кои ги исполнуваат условите можат да се пријават во надлежните Центрите за вработување во Куманово.

    Партнери на „Втора шанса“ се и средните стручни училишта во Куманово.

    „Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ активно учествува во овој проект. Кај нас има двајца ученици, едниот е за насоката конструкциски механичар, а другиот е машинско-енергетски техничар, двајцата од машинската струка. Лицата се стекнуваат со диплома што е барана на пазарот на трудот, и кај нас и во светот, па лесно ќе се вклучат во работните процеси. Платата достигнува и до 900 евра месечно во приватните фирми во Куманово“, истакна Драган Јаневски, директор на училиштето „Наце Буѓони“.

     И Регионалниот центар „Киро Бурназ“ Куманово, е дел од проектот на Агенцијата за вработување.

    „Во нашето училиште се пријавија 9 лица, кои денеска ги потпишуваат договорите и дополнително се пријавија уште двајца кандидати. Голем интерес има и за третиот и за четвртиот степен на образование, оние кои имаат завршено две години од средното училиште можат да земат за трет степен од струката пекар, а за оние кои завршуваат четврта година има место на насоките за прехрамбен техничар, козметичари, ветеринарен техничар, агро техничар и мехатроничар. Сите овие се дефицитарни занимања и пријавените по завршување на образованието лесно наоѓаат вработување во струката“, истакна Татјана Митевска, раководите на Сектор за образование на возрасни во „Киро Бурназ“.

    Во економското училиште „Перо Наков“ ќе се дообразуваат 6  ученика и тоа во текстилно-кожарската струка и бизнис администрација.

    Надлежните изразија задоволство од спроведување на една ваква мерка која ќе биде од голема помош за долгорочно невработените лица. Истовремено се надеваат дека вакви проекти ќе се спроведуваат и во иднина.