Мени

Повеќе населени места и улици во Куманово денеска и утре без струја

12.05.2026 08:06 | KumanovoNews

Денеска и утре без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Куманово.

Повеќе населени места и улици во Куманово денеска и утре без струја

Денеска од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат улиците „Боро Прцан“, „Сава Ковачевиќ“, „Србо Томовиќ“, „Милан Лисица“, „Осогово“, „Осоговска“, како и дел од улицата „11 Ноември“ кај маркетот „Селман Туризам“.

Утре /среда/ од 06:00 до 06:30 часот, без електрична енергија ќе остане населбата Перо Чичо, месноста Багрем Бања, населбата Карпош со индустриската зона, дел од улицата „Моша Пијаде“, зградата „Престиж Плус“, месноста Стари Лозја и дел од улицата „Октомвриска револуција“ спроти „Браво Кеј“.

Исто така, во среда од 08:30 до 14:30 часот, струја ќе нема во ООУ „Христијан Карпош“ и на улиците „Милентие Поповиќ“, „Ратко Митровиќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Бранко Радичевиќ“, „30-ти Јули“, „Иво Андриќ“, „Стево Филиповиќ“, „Михајло Пупин“, „Будимир Димковски“, „Руѓер Бошковиќ“ и „Благој Пецкалија“.