×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повик за поддршка на проекти од областа на културата и спортот објави Општина Старо Нагоричане

    02.05.2025 10:07 | Оливера Пешевска

    Општина Старо Нагоричане распиша оглас за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации за тековната 2025 година. 

    Повик за поддршка на проекти од областа на културата и спортот објави Општина Старо Нагоричане

    Поддршката се однесува на проекти од категориите култура, спорт и рекреација, како дел од буџетската програма на локалната самоуправа.

    Вкупниот буџет е 150.000 денари за здруженија и фондации кои ќе аплицираат со проекти од интерес на општина Старо Нагоричане.

    „Целокупната предвидена сума треба да се подели на најмалку 5 апликации, вредноста на секој поединечен проект, кој ќе биде одобрен не може да биде поголема од 30.000 денари. Овие средства се планирани за настани и манифестации од интерес на општината“, посочи заменик градоначалникот Бобан Цветановски.  

    Од областа на културата распишан е оглас на кој се бара организатор на манифестацијата „Бајловски средби“ во септември, а за таа намена предвидени се 35.000 денари.

    За „Меѓународна мотокрос трка Забел“, која традиционално се одржува во август ќе бидат исплатени 70.000 денари, а како помош на спортски склубови од општината се предвидуваат 100.000 денари.

    Прописите предвидуваат апликантите да се со регистрирана дејност на територијата на Старо Нагоричане или ефектите од проектите да придонесуваат кон квалитетот на животот во ова општина.  

    Огласот е објавен на 28 април, а апликациите можат да се достават до општинските служби до 12 мај, 2025 година.