Повреден градежен работник во Куманово
17.06.2026 15:44
| KumanovoNews
Градежен работник е повреден при извршување работни задачи на улицата „11 Октомври“ во Куманово.
Вчера во 10:35 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Џ.С. (55) од селото Матејче, општина Липково.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал градежни работи на улицата „11 Октомври“ во Куманово.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.