Мени

Повреден мотоциклист, при судир на мотор и автомобил

29.07.2024 16:09 | KumanovoNews

Едно лице е повредено и пренесено во болница, по судир на мотоцикл и автомобил.

Повреден мотоциклист, при судир на мотор и автомобил

Сообраќајната несреќа се случила завчера околу 11 часот на крстосницата од ул. „Ѓорче Петров“ и ул.„620“ во Куманово, помеѓу патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(39) и мотоцикл „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.( 50), двајцата од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Ургентен центар Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Куманово.