Мени

Повреден пешак на крстосницата на „Октомвриска револуција“ и „Моша Пијаде“

07.02.2024 12:57 | Теодора Стоевска

Педесет и петогодишен кумановец е повреден на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и ул.„Моша Пијаде“ во Куманово.

Повреден пешак на крстосницата на „Октомвриска револуција“ и „Моша Пијаде“

Несреќата се случила синоќа во 20.25 часот, кога патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (30) од Куманово, удрило во пешакот С.Ј.(55) од Куманово. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. 

Извршен е увид од екипа на СВР Куманово.