Повреден возач, со БМВ излетал од патот кај Проевце
28.10.2024 14:24
| KumanovoNews
Со тешки повреди се здобил 49-годишен возач откако со неговото воѕило БМВ кога излетал од коловозот на патот во селото Проевце.

„На 27 октомври во 23.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат во село Проевце, кумановско, патничко возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(49) од село Вак`в, кумановско излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово“, соопштуваат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.