Со „мерцедес“ излетала од автопатот – тешко повредена 32-годишна кумановка
        09.08.2025 15:09
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Триесет и двегодишна жена се здобила со тешки повреди, откако со автомобил излетала од автопатот Куманово-Скопје.  
 
                  „Вчера во 07:50 часот било пријавено дека на автопат Куманово-Скопје, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 32-годишната М.Н. од Куманово, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н., констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



