Повредени 18-годишен возач и малолетна сопатничка, со мерцедес излетале од пат
01.10.2024 12:58
| KumanovoNews
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај надвозникот кај с. Проевце.

Несреќата се случила во 00.30 часот кога патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(18) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.