Повредени двајца полицajци во сообраќајка на автопатот Скопје- Куманово
02.07.2024 17:37
| KumanovoNews
Двајца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера, на автопатот Скопје- Куманово, во близина на клучката „Илинден“.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со словенечки национални ознаки, управувано од С.Ш.(78) од Куманово и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.