Пожар на „Народна Револуција“ – изгореле повеќе возила
Повеќе возила изгореле на плац на улицата „Народна Револуција“, во пожар кој ќе проширил од запалена сува трева.

Пожарот извувнал завчера околу полноќ, па го зафатил плацот на Б.Р.
„На 23.август во 23.51 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Народна Револуција“ во Куманово настанал пожар на сува трева, по што бил зафатен и плац, сопственост на Б.Р. Во огнената стихија целосно биле опожарени повеќе возила, меѓу кои: патнички автомобили „Форд Мондео“ и „Сеат Кордоба“, автобус „Санос“, минибус „Ивеко“, товарно возило „Застава“, автобус „ТАМ“, товарно возило „Пежо“ и приколка за возила. Возилата биле паркирани на плацот и биле сопственост на неколку приватни фирми“, соопшти МВР.
Интервенција извршила екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, која успеала да го изгасне пожарот. За среќа, повредени лица нема.
(фото.архива)