Пожар во викенд куќа во село Облавце
19.08.2024 14:43
| Оливера Пешевска
Синоќа до Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане било пријавено дека избувнал пожар на викенд куќа во селото Облавце. Горела кровната конструкција на објектот.

„Колегите реагирале со 2 возила и тројца пожарникари и огнот е изгаснат во целост. Настаната е материјална штета, но нема повредени лица“, соопштуваат од ТППЕ Старо Нагоричане.
Увид на местото на настанот извршиле припадници на СВР Куманово.