Преставата “Р“ на Драмски аматерски фестивал?
Здружението на пензионери Куманово со драмата “Р“ од Јордан Плевнеш конкурираше за учество на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, кој почнува денеска, а ќе трае до 2 јуни.

Ние пративме апликација и таа ни беше одобрена. Ќе дојде селектор да не оцени и да одлучи дали можеме да настапиме. “Р“ е психолошка драма која се случува во времето на поранешниот систем кога секој можел некого да наклевети и тој правно да биде гонет. Вие нема да верувате со каков ентузијазам се подготвуваат актерите. Изработуваат рачно облека која потсетува и се носела во тоа време - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Во текот на фестивалот ќе бидат претставени вкупно 15 театарски претстави, од кои две се претставници од Република Словенија и Република Србија.
Пензионерите планираат оваа драма да ја изведат во Крива Паланка, Скопје, Велес и други градови.