Претседателката Сиљановска Давкова за Илинден во Пелинце
26.07.2024 08:41
| KumanovoNews
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце на одбележувањето на . 121-годишнината од Илинденското востание и 80-годишнината од првото заседание на АСНОМ.

Потоа ќе замине во манастирот Свети Прохор Пчински, каде со српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се поклони пред спомен плочата пред манастирот која е поставена во чест на одржувањето на заседанието.
Делегација предводена од премиерот Христијан Мицевски ќе се приклучат кон чествувањето на Мечкин камен, во Крушево.
Во Скопје, од манифестацијата на Тврдината Кале свое обраќање ќе има преседателот на Собранието Африм Гаши.