×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претставата „Малата сирена“ го слави петиот роденден

    03.04.2024 08:11 | Оливера Пешевска

    Во Центарот за култура во Куманово вечерва /3 април/ со почеток во 18 часот е закажана детската претстава „Малата сирена“ со која ќе се одбележи петиот роденден на претставата.

    Претставата „Малата сирена“ го слави петиот роденден

    Работена е по мотивите на бајката на Ханс Кристијан Андерсен, досега е изведувана 28 пати, учествувала на неколку фестивали во државата, а има добиено и неколку награди, за најдобра сценографија, костимографија и актерска игра.

    Актерите и режисерката се задоволни што претставата „Малата сирена“ толку долго трае.

    „Премногу сме задоволни како екипа што вложивме добра доза на ентузијазам, почнувајќи од текстот и релативно скромен театарски буџет. Очекуваме дека бројката на одиграни претстави ќе се зголемува, затоа што имаме и смена на генерации, со текот на годините децата стануваат доволно возрасни да можат да ја гледаат претставата. Децата се живот и со самото тоа му даваат живост и на театарот, созреваат нови генерации заинтересирани за театарот“, истакна режисерката Бојана Краљевска.

    Во „Малата сирена“ играат: Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Никица Јанковски, Дубравка Киселички, Кети Дончевска Илиќ, Жарко Јовановиќ, Владо Дојчиновски. Режијата е на Бојана Краљевска, а асистент на режија: Ибраим Деари. Текстот е обработен од  драматург  Сашо Костовски, сценографијата на Крсто Богојевски, костимографијата на Кети Пауновска Стефковска, а музика ја создаде Зоран Зафировски.

    Организаторите за 5- годишниот роденден на „Малата сирена“ со задоволство ги очекуваат најмалите да дојдат и да уживаат заедно со актерската и креативната екипа, како што тоа го правеле во изминатите 5 години. Ја оценуваа како многу магична претставата, во која има музика, пеење, прекрасни костими, сценаграфија која успешно го доловува подземниот морски свет.

    Театар Куманово успеал и визуелно и во секој поглед да направи успешна претстава.

    „Многу сум среќна што имаме толку голем успех со претставата, а и како дете поскаував да бидам малата сирена и успеав во тоа. Уште повеќе што учествував во креирањето и градењето со моите колеги  и да доживеам 5 години роденден“, потенцира актерката Сања Русевска.

    Сценографијата на детските претстави на кумановскиот ансамбл често добива награди на фестивалите на кои учествува, што воопшти не е лесна работа. На Фестивалот за деца и млади „Малиот принц“ во Штип е наградена за сценографија, костимографија и актерска игра.

    „Детските претстави се поспецифични на некој начин, и покрај тоа што детската фантазија е неограничена и се е возможно во тој свет, сепак на сцена кога ќе се постави мора да се внимава и на колоритот на тие елементи, да бидат доволно интересни и привлечни да го задржат нивното внимание, кое и не трае многу долго“, констатира наградениот сценограф Крсто Богојевски.

    Билтетите за вечерашната претстава се продаваат на билтерата на Центар за култура по промотивна цена од 100 денари. По претставата следува мало изненадување за посетителите.