Пријава за насилство, го истепал во бањата Стрновац
19.06.2017 12:05
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.П.(36) од с.Младо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

Пријавениот на 2.мај годинава околу 3 часот по полноќ во бањата Стрновац во Старо Нагоричане, без повод, вербално се расправал со А.М. од с.Грушино на кој му упатил вулгарни зборови, а во еден момент и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници повеќе пати во пределот на главата, нанесувајќи му телесна повреда на носот.