Приклучен бај - пасот на водоводната мрежа
15.06.2010 18:18
| KumanovoNews
ЈП „Водовод„ ги известува граѓаните дека во текот на попладневните часови приклучен е т.н. бајпас, со што се обезбедуваат дополнителни количини на вода и зголемен е дотур на сирова вода на Филтер станицата.

Поради тоа во вечерните часови, целосно ќе се нормализира снабдувањето со вода во сите делови на градот.