Приведен кумановец, го нападнал татко му
28.01.2025 16:46
| KumanovoNews
Триесет и седумгодишен жител на кумановско село е приведен во полиција, затоа што го нападнал неговиот татко.

„Вчера во 13.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(37) од кумановско село, затоа што физички го нападнал неговиот татко. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.