Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Возач од кумановско село вчера бил приведен во полиција, затоа што возел под дејство на алкохол.
„Во 17.00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(49). При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово било сопрено патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,46 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.