Приведен осомничен за кражба во Куманово
13.09.2024 10:52
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 19.30 часот го привеле Г.Н. (36) од Куманово.

„Тој се сомничи дека на 08. август, Куманово извршил кражба од патничко моторно возило, од каде одзел повеќе предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.