Мени

Приведена сопругата на лекарот, во кого беше пукано во центарот на Куманово

09.10.2025 10:51 | KumanovoNews

Приведена е 43-годишната сопруга на лекарот д-р Зекирија Шаини во кого завчера беше пукано во Куманово, соопшти МВР.

Приведена сопругата на лекарот, во кого беше пукано во центарот на Куманово

Д-р Шаини, кој е вработен на скопската Клиника за пулмологија, е носител на советничката листа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Општина Липково на претстојните Локални избори. Пренесен беше на лекување на Скопските клиники.

„На 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А. А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З. Ш. (43) од село Слупчане, Липковско. Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б. С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес. По целосно документирање на случајот, против А. А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ. Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и сè уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така ќе биде поднесена кривична пријава“, соопшти МВР.