Приведени шест лица поради питачење на граничниот премин Табановце
24.03.2025 13:26
| KumanovoNews
Шест лица вчера се приведени поради питачење на граничниот премин Табановце. Акцијата ја спровело СВР Куманово во соработка со Центарот за социјални работи од Куманово.

„ Во 10.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во соработка со Центарот за социјални работи Куманово, при питачење на Граничен премин Табановце ги затекнале Т.Џ.(41), Д.М.(33), Е.М.(29), Б.С.(32), А.С.(28) и С.А.(27), сите од Куманово“, соопштуваат од полицијата.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.