Продолжен рокот за субвенционирање на приклучок на гас во домаќинствата
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за приклучување на домаќинствата на системот за природен гас до 31 октомври 2026 година.
Со мерката се обезбедува финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци за куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас или за набавка на гасен котел. Средствата се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, сè до нивното исцрпување.
„Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани навремено да ги поднесат своите барања во согласност со условите наведени во јавниот оглас. Повеќе информации се достапни на веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини“, информираат од Општина Куманово.