Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Кумановската полиција, 63-годишна жена од кумановско село пријавила дека таа и нејзина сосетка биле измамени од едно лице.
Според пријавеното, лицето дошло во дворот на нејзината сосетка и им понудило огревни дрва, по што двете му дале вкупно околу 8000 денари.
Лицето ги зело парите и заминало, но не се вратило, по што сфатиле дека биле измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.