×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Професорки и ученички од „Христијан Карпош“ дел од проeкт за препознавање на врсничко насилство

    25.03.2024 13:55 | Теодора Стоевска

    Професорката Даниела Стојановска, од ООУ „Христијан Карпош“ заедно со своите ученички Софија Митевска и Нина Арсовска, како и Фросина Пешевска, професорка по македонски јазик и родител, учествуваа во проектот "Побезбедни", проект за социјални компетенции и фундаментални права за спречување на врсничко насилство во училиштата, за професори, ученици и родители.

    Професорки и ученички од „Христијан Карпош“ дел од проeкт за препознавање на врсничко насилство

    Проектот е во соработка со Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово и финансиран од Европската антибулинг мрежа на ЕУ.

    „Од особено значење за нас е тоа што ЦИД ги обезбеди материјалите за стекнување компетенции за едукација на учениците на македонски јазик. Покрај тоа, проектните менаџери од ЦИД обезбедија и финансиската рамка за нашето учество на Конференција за професори, ученици и родители во Брисел“, потенцира Стојановска.

    На завршната конференција во Брисел, Белгија преку работилници ги претставиле искуствата, ставовите и начините на кои со своите сооученици се справуваат со насилното однесување во нивната училишна средина, заедно со земји од Италија, Кипар, Португалија, Бугарија, Грција и група европски земји членки на европска мрежа за борба против булинг.

    Проектот кој е познат и под слоганот „Биди херој кој гарантира дека никој во училиште нема да малтретира“ опфаќа сеопфатен педагошки пристап кон препознавање, спречување и справување со феноменот на булинг во училиштата и ефективно зајакнување на социјалната инфраструктура.

    „Со реализација на подготвителната фаза од ‘Побезбедни’ започнав во март 2023 година, со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу ЦИД и моето училиште и обезбедување согласност за учество во проектот со родителите на учениците. Потоа следуваше фаза на собирање информации за врсничко насилство од самите ученици, проценка на емоционалната клима во училниците и избор на најефикасни активности за кои ќе ги поттикнат учениците ефективно да ја препознаат, да ја спречуваат и да се справуваат со врсничко насилство“, истакна Стојановска.

    Поради фактот што училиштето не е единствената средина на врсничките случувања, тука е и малтретирањето на социјалните мрежи кое се случува и дома во проектот се вклучени и родителите со активности за справување со овој комплексен проблем. Особено е важно тие да имаат време за своите деца, да поттикнуваат разговор, да слушаат активно, да не осудуваат и да не обвинуваат. Од друга страна родителите треба да го застапуваат ставот дека секое дете има право да се чувствува безбедно, прифатено и ценето.

    Во рамки на проектот е отворена и социјална платформа „Гласот на учениците“ што претставува слободен простор каде што учениците анонимно ќе можат да ги претстават своите приказни за врсничко насилство и да имаат можност да постават општи прашања на експерти за сајбер булинг на македонски јазик.