Мени

Промоција на меѓународниот зборник ,,Кумановска Симбиоза-22”

06.10.2022 21:30 | Оливера Пешевска

  На  8 октомври (сабота ),  со почеток во 12 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово ќе биде промовиран Меѓународниот зборник ,,Кумановска Симбиоза-22”.

Промоција на меѓународниот зборник ,,Кумановска Симбиоза-22”

Зборникот е збир на дела што се дел од вториот Меѓународен фестивал на поезија, проза, афоризми и хаику ,,Симбиоза на планета”,  кој го организира ,,ККТ-симбиоза”. Фестивалот се организира меѓу пријатели по перо,книжевни творци и граѓани и е посветен на  Денот на македонскиот јазик,  5 мај.

На второто фестивалско издание учествувале повеќе од 90 автори од 7 држави- Македонија, Србија, Германија, Австралија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои се натпреварувале во 3 категории - поезија,проза и афоризми. Жири  комисијата,која ги оценува делата, ја сочинуваат Гордица Величковска, Ирена Павлова Де-Онорико, Софија Мерџанска, Марина Мијаковска и Верица Петровска.

 Посетителите на  промоцијата на ,,Кумановска Симбиоза-22”, ќе имаат можност да го добијат зборникот,  а на учесниците ќе им бидат доделени благодарници,награди ипризнанија. Настанот ќе биде придружен со богата музичка програма, во организација на ,,ККТ-симбиоза.

Фестивалската програма продолжува на  9 октомври,а  ќе биде посветена на странските учесници кои престојуваат во Куманово.

Влезот е слободен за сите заинтересирани.