×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирани три мерки на Центарот за вработување во Куманово

    25.03.2024 16:22 | Оливера Пешевска

    Нови три мерки од оперативниот план за вработување за ова година беа промовирани во Центарот за вработување во Куманово.  За нив се информирани работодавачите и невработените лица, а искуството покажува дека постои заинтересираност кај засегнатите групи.

    Промовирани три мерки на Центарот за вработување во Куманово

    Објавените јавни повици се однесуваат за поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции, обука за стручни квалификации според барање на работодавачите и субвенционирање на вработувања.

    „Претходните искуства покажуваат дека работодавците се заинтересирани и за субвенционирање на вработување и за финансиска поддршка за креирање на нови работни места преку давање на финасиски поддршка за набавка на опрема и репроматеријали. Во последно време атрактивно е, како и во сите светски економии, оние кои имаат зелена агенда која во моментот е активна а тоа е за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ истакна Марија Димитријевска, раководителка на Центарот за вработување во Куманово.

    За првиот повик „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ повикот бил објавен минатиот понеделник, на 18 март, а крајниот рок за аплицирање е до петок 29 март. Предвидено да се креираат нови работни места преку инвестиции на фирмата во опрема и материјали кои ќе придонесат кон зачувување на животната средина, вложување во енергетска ефикасностили во обновливи извори на енергија. Финасиската поддршка за ова програма изнесува 250 илјади денари за креирање на едно работно место, а максималниот износ на финасиската поддршка изнесува 750 илјади денари или 3 нови работни места. Целната група се сите невработени лица, евидентирани како активни баратели на работа.

    Со обука за стручни квалификации според барање на работодавачите целта е да се обезбеди обука за стручни квалификации, спроведувани од верификувани провајдери. Лицата ќе посетуваат обуки во период од 3 до 4 месеци и за тој период, месечно добиваат паричен надоместок во бруто висина од 11 илјади денари, а целна група се невработените лица со минимум завршено основно образование Спроведувачот на обуката по завршување на обуката добива надоместок од 30 илјади денари за секое обучено лице. Рокот за пријавување за ова мерка е се до исполнување на предвидениот број.

    За субвенционирање на вработување целта е креирање на нови работни места преку финасиската поддршка изнесува 22 илјади денари, по вработен на месечно ниво за период од 6 месеци. Целната група се долгорочно невработени лица, млади лица до 29 годишна возраст, лица постари од 50 години, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, жртва на трговија со луѓе, припадници на ромската етничка заедница, самохрани родители, родители на 3 или повеќе деца, родители на деца со пречки во развојот и други ранливи категории на невработени лица, меѓу кои спаѓаат и невработени лица со незавршено средно или пониско образование. Повикот е отворен до 5-ти април.

    „Ги повикувам сите работодавачи кои се заинтересирани за креирање на нови работни места да ги искористат мерките на ОП на АВРСМ и да аплицираат до центарот. Самата апликација се поднесува електронски кај нас, не станува збор само за некакви комплицирани бизнис планови за кои е потребна стручна поддршка, значи доволно е само работодавачот да знае што сака да постигне со секоја конкретна инвестиција, во која насока ќе се движи неговиот економски раст и развој“, објасни Димитријевска.

    Повикот за мерката „Самовработување“ е завршен, а таа секогаш предизвикува голем интерес. Има евидентирано 99 апликации каде едно лице самостојно ќе развива свој бизнис, а во делот каде две лица се здружуваат во Друштво со ограничена одговорност пристигнале 44 апликации. Наскоро ќе започнат обуките и подоцна ќе си тече процесот на изработка на бизнис планови, регистрирање на фирма, вработување.

    Сите активни огласи се спроведуваат според предвидената годишна програма на АВРСМ.