Пронајден пиштол во викендичка во Војник
17.01.2026 12:44
| KumanovoNews
Едно лице е приведено, откако е пронајдено оружје во неговата викендичка во село Војник, Општина Старо Нагоричане.
„При претресот, кој бил извршен врз основа на судска наредба, вчера во 14 часот биле пронајдени пиштол „застава" калибар 6.35, електрошок, дигитална вага и други предмети. Сопственикот на оружјето е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.