Пронајдена граната во помошен објект на Ленинова
17.04.2024 10:02
| KumanovoNews
Во помошен објект во двор на улицата Ленинова вчера била пронајдена артилериска граната.

„Одговорното лице за контакт со Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ) и екипа на СВР Куманово заедно со пиротротехничар од Куманово излегоа на терен. Превземени се стандардни оперативни мерки и гранатата е подигната од страна на пиротехничарот за понатамошна постапка во 14,30 часот. Се работело за граната за топ калибар 75 mm“, стои во соопштението на Регионалниот центар за управување со кризи.