Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Просечната плата за март годинава изнесува 44.763 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Исплатениот личен доход по вработен е поголем за 10,5 проценти во однос на истиот месец во 2024 година.
Зголемувањето се должи на зголемување на платите во образованието, за речиси 16 посто, рударство и вадење камен за 14 проценти, како и административни и помошни услужни дејности за 12,5%.
Во однос на февруари, во тековната година поголеми лични примања имаат вработените во секторот рударство и вадење камен, уметност, забава и рекреација и во преработувачката индустрија.
Трендот се пресликува и во исплатената бруто плата, покачувањето е 10,6 посто, а просечната бруто исплатена плата во март изнесувала 67.240 денари.