Мени

Протест на ССМ пред Владата – се бара зголемување на платите на работниците

17.02.2026 08:01 | KumanovoNews

Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) денеска ќе ги блокира пристапите кон Владата, барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра.

Протест на ССМ пред Владата – се бара зголемување на платите на работниците

Владата е третата институција што ќе биде блокирана од синдикатот, откако минатата недела беа блокирани Собранието и Стопанската комора.

Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, се организира затоа што Владата и работодавачите не постигнале договор за зголемување на платите, како и поради тоа што минатата година Владата не го прифатила предлогот за субвенционирање на дел од придонесите.

Со по 21 лице, колку што предвидува Законот за јавни собири, ќе бидат блокирани влезовите на Владата, која денеска треба да одржи редовна седница.

Од ССМ очекуваат разбирање и посочуваат дека Владата има можност на денешната седница да донесе одлука за зголемување на платите на работниците.