Мени

Протест пред УЈП поради оданочување на платите на вработените од Ирак и Авганистан

25.12.2025 13:30 | KumanovoNews

Кумановци кои работеле во базите во Ирак и Авганистан утре ќе излезат на протест поради одлуката на Управата за јавни приходи (УЈП) да се оданочат парите што ги добиле по основ на плата и оштета.

 

Протест пред УЈП поради оданочување на платите на вработените од Ирак и Авганистан

Оданочувањето на приходите од странство се однесува на периодот од 2020 до 2025 година.

Засегнатите граѓани велат дека претходно немале најава дека треба да платат данок, дека голем дел од средствата веќе ги потрошиле, а сега се соочуваат со извршни решенија.

Во Куманово, повеќе од 10.000 граѓани биле на привремена работа во базите во Ирак и Авганистан, а дел од нив во изминатите години добиле и оштета за претрпени последици во воениот регион.

Македонија има склучено договори со 49 странски држави за одбегнување на двојно оданочување, што е клучен услов граѓаните да не подлежат на данок и во државата од каде што потекнуваат приходите и во својата матична земја.